Ветеранот Двејн Вејд изјави дека има една единствена цел за претстојниот Натпревар на ѕвездите, што ќе биде последен за него како соиграч на Леброн Џејмс.

„Кралот“, кој е капитен на еден од двата тима, го избра Вејд во составот на својот тим и двајцата повторно ќе излезат рамо до рамо, токму како што тоа го правеа со години во Мајами, а потоа за кратко и во Кливленд.

Триесет и седум годишниот Вејд призна дека неговата желба е повторно да направи „алеј-уп“ пас кон Леброн, токму како што тоа се случуваше често за време на заедничкиот престој во Мајами.