Претседателот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша реагираше денеска на веста дека бегалски камп можеби ќе се изгради во Албанија.
На прес-конференција во партиското седиште лидерот на опозицијата изјави дека таква одлука не може да биде донесена од еден човек, премиерот Еди Рама.
„Дали Албанија е кадарна да се спротистави на таква криза во состојба кога државата е во континуитет во борба со корупција и криминал? Опозицијата е анагажирана да даде свој придонес и ставивме јасно до знаење дека во борба со дрогите и борбата со трговијата со луѓе разликата е во политичката волја или во целосен недостиг од волја. Ние веруваме дека владата, која до вчера негираше криминал, и одгледување дроги, има кредибилитет или потенцијал да мобилизира државни капацитети. Таква димензија оди преку границите на Албанија“, изјави Баша мислејќи на бегалскиот камп.
Опозицискиот лидер додаде дека владата сака да изгради таков камп за да „ја ублажи горчливата европска уста во односот кон Албанија“.