Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија треба да биде на состанокот на членките на клубот на најразвиените земји Г7 на 44 самит што денеска ќе биде отворен во Ла Малби, во Канада.

Самитот го привлече вниманието на јавноста поради влошување на односите меѓу лидерите на земјите учеснички на самитот.

Францускиот претседател Емануел Макрон говореше со непријателски тон против Трамп, додавајќи дека САД би можело да бидат исфрлени од клубот Г7.

Русија акцентот го става на други формати, а не на Групата осум најразвиени индустриски земји во светот (Г8), изјави Дмитриј Пешков, портпаролот на Кремљ.

Тој додава дека, во случај да има таков предлог, малку е веројатно дека тоа Русија хипотетички ќе го разгледа.

Агенцијата Блумберг пренесе дека американскиот претседател Трамп изјавил дека Русија повторно треба да биде вратена во составот Г7 односно Г8.

Пред тоа и лидерката на германската Левица, Сара Вагенкнет изјави дека Русија би требало да влезе во составот Г8 за да прави контратежа на влијанието на САД.

Русија беше исфрлена од елитниот клуб во 2014 година заради анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во источна Украина.

По самитот кој се одрќува во Квебек, Трамп заминува за Сингапур на историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун.