BBC One ја прекина целата своја редовна програма најмалку до 18 часот.

Медиумската корпорација ја донесе оваа одлука да го прекине своето редовно емитување на „Би-Би-Си Еден“ поради веста за здравјето на нејзиното височество Елизабета Втора.

Емитувањето е прекинато за да се информираат гледачите дека лекарите на британската кралица се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата. И таму почнаа да се собираат граѓани, загрижени за здравствената состојба на кралицата.

Поранешниот кралски дописник, Ричард Самнер, за Би-би-си вели дека внимателната формулација на изјавата на Бакингемската палата во врска со здравствената состојба на британската кралица Елизабета Втора сугерира оти „веројатно се случува нешто сериозно“.

Претходно денеска, од палатата соопштија дека 96-годишната британска кралица е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје

Во меѓувреме и другите светски медиуми започнаа да одат во живо од Лондон, но и од замокот во Шкотска каде претстојува таа во моментов.