Во првото тромесечие од годинава Бруто домашниот производ пораснал за 2,4 отсто.

Државниот завод за статистика објави дека позитивниот исход на економијата во првите три месеци од годинава се должи на порастот забележан во секторите: трговија на големо и мало, транспорт и складирање, туристичко угостителската дејност, како и рударството и преработувачката индустрија.

Статистичарите објавија и дека финалната потрошувачка на граѓаните во анализираниот период забележала раст од нешто над 12 отсто.

Податоците велат дека потрошувачката на граѓаните учествува со 66 отсто во структурата на бруто домашниот производ.

Зголемување има и кај извозот на стоки и тоа за 18,2 отсто, додека пак увозот на стоки во земјава бележи раст од 33,5 отсто.