Во Зоолошката градинка во Скопје овие денови се роди ново бебе од видот хималајски тар.
-Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка, но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар, објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук страница.
Како што објавивме вчера деновиве скоспката ЗОО градина е збогатена со повеќе новороденчиња – лавови, лемури, лама, камила и денеска веста за хималајскиот тар.