Во телевизиско интервју на Алсат М телевизија, членот на ДУИ и еден од таканаречената „огнена група“, Невзат Бејта, испрати можеби и најдиректни критики и навреди за неговиот сопартиец Артан Груби.
Во продолжение прочитајте какви критики и навреди испрати Бејта кон Груби.
БЕЈТА: Што се однесува на соработката со Арбен Таравари, соработката е уште во 2017-та. Тоа беше тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција.
Новинарка: Бидејќи господинот Ахмети вели дека не го дава Артан Груби, јас сакам да го поставам прашањето користејќи се со една ваша изрека: Колку карати е Артан Груби?
БЕЈТА: Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето овие… Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат.