Листа со топ 10 „бисери од Македонија“ објави проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук:

10 ОРИГИНАЛНИ МАКЕДОНСКИ БИСЕРИ

1. Имаш универзитетска диплома, а не го знаеш јазикот на кој “си дипломирал”

2. Преговараш дали воопшто да ја платиш потрошената струја”

3. Ноќе “работиш” во скопски Комуналец, дење во фабриките во Германија.

4. На ФБ пишуваш никогаш Северна, а имаш потпис на “б’лгарски происход”

5. Ја имаш најголемата светска депонија на 25.713 км2, а имаш површина од 25.713 км2.

6. Одиш на работа за да се одмориш од работа.

7. Кради, ама барем гради.

8. Сите имаат деца генијалци кои “знаат перфектно” англиски и компјутери.

9. Секој ден, “Од утре” започнуваш здраво да живееш.

10. Продаваш оригинален охридски бисер “made in China”