Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје.
Тој во неговата објава на Фејсбук опишува дел од неговите вечерни дежурства и истакнува дека во последниве 12 месеци немал дежурство без предозирани пациенти со кокаин, искомбиниран со скапо виски, пациенти кои пред клиниката најчесто доаѓаат со црни џипови…
– Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму. Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра. Грам кока, зависно од квалитетот, е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар. По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите, пишува Беќаровски во објавата на Фејсбук.