Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого, изјави министерот за економија Крешник Бектеши за ТВ 21.
– Но, во исто време е обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт, да создадат основни услови за сите жители и да побараат од жителите да си ги исполнат обврските. За општина Арачиново со години се зборува, штета што во 21 век век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично, рече Бектеши, во денешната емисија Кликплус.
Министерот Бектеши истакна дека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета.
– Во моментов загубите на електрична енергија на државно ниво се близу 100 милиони евра по сегашни цени, додека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета, рече Бектеши.
Со промената на моделот за наплата на електрична енергија или со воспоставување на блок тарифи, граѓаните мора да ги видат своите броила во моментот кога ги добиваат сметките за електрична енергија, доколку тие не одговараат на количината на потрошена електрична енергија, веднаш може да поднесат преставка до ЕВН и во РКЕ кои се надлежни и кои решаваат проблемите во рок од 48 часа.
– Со последните измени на законите кај нас, злоупотребата на електрична енергија е кривично дело и обврска на државните институции е да не дозволуват злоупотребата на електричната енергија бидејќи на ЕВН им се прифаќат загубите на електрична енергија во мрежата при формирањето на цената на струјата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, затоа институциите не треба да дозволуваат да се злоупотребува струјата до овој степен, бидејќи тоа влијае на цената на енергијата за секој граѓанин и секоја општина. Секој потрошувач на струја има исти обврски, истакна Бектеши.
Министерот Бектеши изјави дека регионот и сите земји во светот ги очекува една тешка зима, но надлежните институции во земјава ги прават потребните подготовки за што полесно да се справат со оваа криза.