Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Оваа информација за Алсат ја кажа министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин која ќе се емитува утре во 22 часот. Алсат претходно обајви дека цената на струјата ќе поскапи 9 проценти.
Официјалните податоци ќе бидат објавени на девети декември кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Вчера директорот на ЕЛЕМ Ковачевски изјави дека денеска Владата треба да ја одобри цената со која државната ЕСМ ќе настапи пред ЕВН, но засега нема информација дека Владата донела одлука во врска со тоа.