„На наредните избори ДУИ ќе биде лидер во албанскиот политички блок, а согласно последните анализи може да биде и втора партија на ниво на држава“.
Ова меѓудругото во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
На прашање дали може да има влијание внатрепартиското несогласување, тој вели:
„Ние имаме такви примери уште од нашето формирање во 2002 година. Тоа се случува во сите политички партии. Најважно се мисијата, програмата, идејата, визијата на ДУИ да биде преточена во владини програми и проекти за доброто на граѓаните, затоа и расте поддршката кон ДУИ и тоа ќе биде така сигурно и на наредните парламентарни избори“.