Од понеделник екипите на ЕВН треба да почнат непречено да работат во Арачиново со цел да се преземат соодветните мерки за мржата да може да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричата енергија, рече министерот за економија Крешник Бектеши во вестите на Сител.

Тој вели дека истиот ситем ќе биде спроведен во општините каде има загуби со струја.

-Од понеделник надвор сите струјомери ќе бидат поставени според планот на ЕВН и координативно тело во согласност со жителите, вели Бектеши.

Од ЕВН, како што е веќе објавено, има поплаки дека освен тоа што не се плаќа за потрошената струја, нивните екипи биле напаѓани и бркани при интервенции во Арачиново.