Многу реакции предизвика овој предлог на лидерот на СДСМ, екс премиерот Зоран Заев кој како економска мерка предложи цел јавен сектор да прима минималната плата од 14.500 денари, објавува ТВ21.

„Затоа треба да бидеме внимателни како влада, истовремено треба да бидеме внимателни како политичка партија кога излегуваме пред јавноста со конкретни мерки. Треба да бидат тоа мерки кои имаат основа како калкулации и конкретни бројки и како тоа може да влијае врз економијата во целост, а особено на семејните буџети, значи во случајов каде спаѓа и јавната администрација“, вели Крешник Бектеши.

ТВ21: Накратко речено вие во принцип не го поддржувате предлогот, да или не?

„Јас како министер за економија нема да предложам таков предлог како што е претставен од страна на политичката партија која е дел од владата“, додаде Бектеши.

За предлогот за кратење на платите на администрацијата, наставниците и професорите во средните училишта реагираше и Алијанса за албанците. Од партијата на Села бараат изворите за финансирање да ги бара на друга адреса вклучувајќи тука и странски заеми и редуцирајќи ги јавните трошоци кои се непродуктивни.

„Во функција на конкретизирање на мерките, ни епредлагаме приходите до 30 илјади денари да останат исти, а тие над 30 илјади денари да се намалат на ниво на минималната плата за април и мај. Тие кои имале посолидна плата, имаат и можност да ги надминат следните 60 дена“, велат од Алијанса за Албанците.

„Ние сметаме дека ниту една финансиска мерка во нашата земја не смее да произведува оштетени и незадоволни граѓани . Наспроти големата депресија која ја предизвика пандемијата не треба да ни оди паметот да преземаме и мерки кои на граѓаните ќе им предизвикаат финансиски кратења, што може да предизвика криза во нивната егзистенција“, истакнуваат од Алтернатива.

И Независниот синдикат за образование, наука и култура реагираше на предлогот на Заев. Тие напишаа дека не се согласуваа со кратењето на платите во јавниот сектор, затоа бараат од владата доколку преземе таков предлог, истиот да го одбие. Од Владата брифираат дека сите предлози на сите политички партии да се разгледаат а додаваат дека не е неопходно да се прифатат сите сугестии дадени од СДСМ.