Во делот на економијата најверојатно ќе можеме многу лесно да се усогласиме на меѓувладината седница што во вторник ќе се одржи во Софија, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Во делот на економијата, трговијата, енергијата ги направивме сите подготовки. Ќе одиме во понеделник, вторник во Република Бугарија со конкретни предлози и конкретни договори и меморандуми што би ги потпишале. Ќе ја слушнеме и нивната страна кои се нивните предлози и најверојатно во делот на економијата можеме многу лесно да се усогласиме, рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на општина Сарај.
На 25 јануари владите на Македонија и Бугарија треба одржат меѓувладина седница во Софија со која ќе претседаваат новите премиери на двете држави, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.