Руската акција и реторика се единствениот извор на тензии на украинско-руската граница, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Таа додаде дека се уште не е одредено местото и времето на средбата на американската и руската делегација за Украина.
Псаки одговараше на прашања на новинарите во Белата куќа.
Во врска со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата дека САД се подготвени за средбата во Женева следниот месец, Псаки рече дека се уште не ги разјасниле деталите за местото и времето на разговорите.
Што се однесува до понудите што Русија им ги даде на САД и земјите од НАТО, Псаки рече:
– Работиме на дипломатски преговори. Можеме да се согласиме со некои од предлозите дадени од Русија, но некои не можеме да ги прифатиме.
Таа ги отфрли тврдењата на Путин дека САД и нивните партнери ги зголемуваат тензиите на украинската граница.
– Единствената агресија што ја гледаме на руско-украинската граница е руското трупање војници во регионот и воинствената реторика на рускиот лидер.