Граѓаните кои живеат во американските сојузни држави, кои се најпогодени од интензивното ширење на новиот коронавирус, треба да се придржуваат кон мерките и препораките од т.н. прва фаза пропишана од Белата куќа, изјави денеска Дебра Брикс, координаторка на тимот за борба против Ковид-19 на Белата куќа.

Таа истакна дека е примарно да се носат заштитни маски, да се избегнуваат ресторани, кафулиња и ноќни клубови, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Претходно, пак, американскиот претседател Доналд Трамп, во повеќе наврати, нагласи дека економијата не смее повторно да запре.