Соединетите Држави сметаат дека проиранската палестинска милитантна група Хамас не треба да учествува во идната влада на Појасот Газа кога ќе заврши војната со Израел, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави, говорејќи пред новинарите додека претседателот Џо Бајден лета во Минесота, дека САД не поддржуваат трајно населување на цивилите од Газа надвор од Газа.

Кирби рече дека САД не веруваат дека сега е време за општ прекин на огнот, но дека се неопходни хуманитарни паузи. Кирби рече дека останувањето на Хамас на власт би било проблематично откако на 7 октомври уби 1.400 луѓе во јужен Израел.

„Ние веруваме дека Хамас не смее да биде иднината на владата во Газа“, рече тој.

„Што ќе се случи по конфликтот, сè уште ги немаме сите одговори, но работиме со нашите партнери во регионот за да размислиме како може и треба да изгледа владата во Газа“.