Американскиот претседател Доналд Трамп извршил притисок врз челните луѓе на германските производители на автомобили да ги прошират своите инвестиции во САД додека Белата куќа разгледува воведување нови царини на возила произведени во Ецропа.

Германските претставници изјавија по состанокот, дека Трамп има намера да засили улога на САД, но и предупредија дека тоа нема да се случи ако администрацијата воведе нови царини.

Шефовите на Фолксваген и Дајмлер рекоа дека по тој состанок намалени се шансите за нови царини.

Трамп се заканува со воведување високи царини за возила произведени во ЕУ како дел од својата трговска политика „САД на прво место“.