Белгиските власти воведоа давачка од 50 евра за безбедносни проверки на новинарите кои известуваат од самитите на Европската унија.
Давачката се однесува само на новинарите кои постојано живеат во Белгија, додека повремените известувачи од европските самити не мора да ја плаќаат.
Околу 1.000 новинари вообичаено известуваат од самитите на ЕУ и се очекува белгиските власти да добијат 50.000 евра од оваа нова давачка која е задолжителна за медиумските организации кои бараат акредитација.
Прес службата на Европската унија соопшти дека е изненадена од овој потег на белгиските власти.