Поранешниот помошник на Маргарет Тачер, „го уништи анти-брегзит европратеникот, Гај Верхофштат“, кој се обидел да ја наслика Тачер како проевропски премиер, со потсетување на тоа дека таа го нарекла европскиот проект “најголема лудост на модерната ера”, пишува британски Експрес.
Имено, лидерот на Алијансата на либералите и демократите за Европа и член на Европскиот парламент од 2009 година, во рамки на про-брегзит и анти-брегзит кампањата во Британија, која се уште трае, ја цитирал Тачер за да ја наслика во проевропско светло.
Тој, пишува Експрес, на Твитер пренел дамнешна изјава на Тачер:
„Велика Британија не сонува пријатна, изолирана егзистенција на работ на Европската заедница. Нашата судбина е во Европа, како дел до заедницата“.
На ова, веднаш реагирал поранешниот помошник на Тачер, Нил Гардинер, кој му возвратил на белгискиот политичар со тврдење дека Тачер била „верен евроскептик“, цитирајќи дел од нејзин говор од пред 30 години.
Тој одговорил на Твитер:
„Маргарет Тчер цврсто веруваше дека Британија треба да ја напушти ЕУ и со цело срце го поддржува Брегзит. Таа изјави дека европскиот прокт е најголема лудорија на модерната ера. Таа немаше време за бриселските бирократи кои го поткопуваа британскиот суверенитет“
Станува збор за говор со кој таа официјално ја осуди ЕУ и изрече зборови кои служат како инспирација за низа генерации евроскептици, пишува весникот.
Таа одржа говор против мерките со кои се „потиснува националноста“ и кои би можеле да доведат до создавање „европска супердржава“, додава Експрес.
Соочена со работата на тогашниот шеф на ЕЗ, Жак Делор, Тачер интервенирала во обид да го задржи европскиот проект на вистинскиот пат и изнела серија водечки принципи за кои се надева дека “ќе го исцртаат патот напред”.