Македонија со рекорден број од 15 коегзибитори на македонскиот штанд, на простор од 100 квадрати и со најмодерно преставување на престижниот Белградски саем на туризам.
Делегацијата е составена од над 100 туроператори, хотели, туристички агенции, гардоначалници кои ги нудат своите услуги на српскиот пазар.
– Минатата година имавме раст од 15 отсто на српски туристи и 20 отсто на ноќевања, а според интересот, според преставувањата на туристичките коегзибитори, може да очекуваме во 2019 година да се продожи нагорната линија на српскиот пазар со раст до 25 проценти на српски туристи, изјави Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.
Наведе дека е се поголем интересот за патниот правец Е-75.
– Се поголем е интересот за патниот правец Е-75, кој според мене е Елдарадо во туризмот, бидејќи во текот на годината поминуваат од 4-6 милиони туристи или во двата правца нешто повеќе од 10 милиони. Токму и денешната презентација на четирите општините Охрид, Демир Капија, Дојран и Крушево е со цел српските туристи да ги видат атракциите во нашата земја, а во фокусот се активните форми на туризам, националните паркови и гастронимијата, истакна Јаневски, потенцирајќи дека минатата година според Еуростат, Северна Македонија имала најголем скок во Европа според бројот на ноќевања од 22,1 отсто, а во 2019 година очекувањата се да има 1,3 милиони туристи и 3,8 милиони ноќевања.
Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов реќе дека годинава Дојран за прв пат се презентира на Белградскиот саем за туризам, посочувајќи дека учествува поради тоа што земјата има најубави езера, добра гастрономска понуда, како и оти е забележан голем интерес од српските туристи.
– Решивме да дојдеме и овој тренд ќе продолжиме да го следиме и наредните години, бидејќи српскиот пазар е особено важен за Дојран. Секоја година бележиме раст на српски туристи и тука сме да го промовориме сето она што можеме го понудиме како што заслужува Дојран, изјави Ангов.
Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров посочи дека и Демир Капија нуди добро понуда, пред се во винскиот туризам.
– Имаме хотели, Музеј на виното, параглајдинг, велосипедски патеки…Правиме напори за здружување на сите туристички субјекти за заедно да настапат кај туристичките агенции и заеднички да направиме билборди, на местата каде српските туристи транзитираат за Грција, со цел да застанат и да ноќеваат кај нас, објасни тој.
На Саемот на презентацијата беше преставена понудата и на Крушево и градот Охрид, кој вчера имаше традиционална Охридска вчер со над 100-ина туристички работници, амбасадори и српски медиуми.