Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека армијата на неговата земја пред неколку дена соборила проектили истрелани од Украина кон Белорусија, поради шпекулациите за зголемената вмешаност на Минск во конфликтот меѓу Киев и Москва.
-Не провоцираат. Морам да ви кажам дека пред неколку дена од Украина се обидоа да гаѓаат воени цели во Белорусија. Фала му на Бога, нашиот противвоздушен систем „Панцир“ ги пресретна сите ракети истрелани од украинските сили, рече Лукашенко.
Тој повтори дека нема намера Белорусија да се бори во Украина.
Белорусија, од почетокот на руската инвазија врз Украина, служеше како заднинска база за руските сили. Руските трупи, исто така, се преселија од Белорусија во обид да го заземат главниот град Киев, пред да се откажат на крајот на март.
Режимот на Лукашенко, што е под силни западни санкции, воено и економски е многу зависен од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва во следните неколку месеци ќе и испорача на Белорусија ракети „Искандер-М“, способни да носат нуклеарни боеви глави.