Белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја изјави дека планира да се состане со американскиот претседател Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен.
„Таквите состаноци се планирани, но засега не можам да ги потврдам“, изјави таа за ТАСС за време на состанокот со белоруската дијаспора во Вашингтон.
Тихановскаја пристигна во САД во неделата и се состана со белоруската дијаспора на плоштадот Слобода, во близина на Белата куќа и Капитол.
Претходно, таа на својот канал на Телеграм напиша дека планира состаноци на „високо ниво“ во Стејт департментот на 19 јули и во Белата куќа еден ден подоцна.
Покрај тоа, нејзиниот распоред вклучува и состанок со директорката на Американската агенција за меѓународен развој, Саманта Пауер и со американски пратеници.