Барање за прекршочна пријава заработиле Министерството за правда и министерот Тупанчевски од Комисија за спречување дискриминација за непостапување за клубот Ванчо Михајлов, објави Весна Бендевска во вечерашното издание на „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски.
Според Бендеска, барањето се однесува на непостапувањето на Министерството по препораката на Комисијата за клубот по извршениот увид и анализи.
„Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателтот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на Комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендеска.
Мислење за ликот и делото за Ванчо Михајлов, по барање на Комисијата изготвил копретседателот на Комисијата за историја со Бугарија, Драги Георгиев, според кого Михајлов е фашист и негативен лик.
Пријавата за недејствувањето на Министерството е заснована и на мислењето на проф д-р Борче Давитковски, кој потврдува дека Министерството не постапило како што треба.
Според Бендеска, до сега нема реакција од Министерството од министерот Тупанчевски.