Фудбалерот на Кристал палас и репрезентацијата на Белгија, Кристијан Бентеке, изјави дека напаѓачот на Челзи, Еден Азар од рана возраст е обожавател на Реал.

Поради тоа тој се надева дека во многу скоро време ќе биде официјализиран преминот на Азар во „кралскиот клуб“.

– Азар и јас се познаваме уште од детството. Тој секогаш инсистираше на тоа дека е Реал е клубот на неговите соништа. Еден направи избор многу одамна. Среќен сум за тоа како се одвиваат работите. Се надевам дека наскоро ќе го објават трансферот официјално, изјави Бентеке.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид на Челзи ќе плати околу 130 милиони фунти, вклучувајќи бонуси, за 28-годишниот Белгиец. з