Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го сподели своето мислење за напаѓачот Челзи и француски репрезентативец Оливие Жиру.
Бензема не е повикан во националниот тим од 2015 година, поради уцена со интимното видео на Метју Валбуена.
– Ќе одговорам еднаш засекогаш. Ќе бидам краток: да не ја мешаме Формула 1 со картинг. Ова е што имам да кажам. Не сакам повеќе да зборувам за него. Знам дека јас сум Формула 1, напиша Бензема на својот Инстаграм.
Жиру со француската репрезентација е актуелен светски шампион и вицепрвак на Европа.
Бензема за „триколорите“ има одиграно 81 натпревар и постигнато 27 гола.