Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ја повтори изјавата на канцеларот Олаф Шолц дека сегашните дебати за можноста за испраќање на европски мировни сили во Украина се предвремени.
– Во таа жешка војна нема да бидат испратени војници, наведе Бербок за германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ.
Според неа „одржувањето на мирот е европска задача“ потенцирајќи оти каков било договор за Украина не може да се преговара без украинско и европско учество.
Дебатата за испраќање на војници во Украина беше иницирана од изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека во Украина нема да бидат испратени американски војници.
фото: МИА архива