Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша му ја честиташе двојната победа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните избори.
-Во Република Македонија победи ВМРО-ДПМНЕ. Драги пријатели, во еден демократски изборен процес, најголемата опозициска партија ВМРО, како сестринска партија на Демократската партија на Албанија, предводена од Христијан Мицкоски вчера победи на парламентарните и претседателски избори во Република Македонија.
Од таа причина сакам да му изразам ИСКРЕНИ честитки на лидерот на ВМРО, гоподинот Мицкоски за одличниот изборниот успех на ВМРО под негово раководство. Исто така сакам да и честитан на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО, за нејзиниот избор за претседателка на Република Македонија.
Честитки до сите избрани албански пратеници кои беа избрани од слободиот глас на албанските граѓани од оваа држава.
Вчерашните избори се сведочат за еден демократски чин и честитки што ги заслужуваат сите страни. Уште еднаш, искрени честитки за победниците, пишува Бериша во својата честитка.