Официјален Берлин планира да го удвои данокот на кратки летови, во рамки на програмата на Германија за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, изјави неименуван службеник од германското Министерство за финансии.
Зголемувањето е над очекувањата и е дел од германскиот климатски пакет мерки, кој има за цел земјата да биде неутрална до 2050 година кога станува збор за емисии на јаглерод диоксид, пренесува Танјуг.
Данокот на домашните и летовите во рамки на ЕУ, според неименуваниот извор, ќе се зголемат од 7,50 на 13,03 евра, од 23,43,3 на 33,01 евра за летови со средна далечина и од 42,18 евра на 59.43 евра за долги релации.
Германија би можела да очекува прилив од зголемувањето на даноците од речиси 740 милиони евра по влегувањето во сила на новата регулатива во април, следната година.
Стекнатиот приход ќе се користи главно за финансирање на даночни олеснувања за возни билети