Министрите за одбрана на Германија и Франција денеска објавија договор за распределба на работата меѓу производителите на заедничкиот проект „тенк на иднината“, што досега беше поткопано со несогласувања.
„Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.
„Имаме договор и воодушевени сме од него“, рече Лекорну, нагласувајќи ја важноста на „програмата за структурирање на копнените армии на двете земји за Европа и НАТО“.
Програмата MGCS (Main Land Combat System) почна во 2017 година, кога беше и за идниот борбен авион (Future Combat Air System – FCAS), што исто така е проект на соработка меѓу двете земји.
Целта на MGCS е да ги замени француските тенкови „Леклерк“ и германските „Леопард 2“ од 2035 година со „генерациски скок во технологијата благодарение на нивото на иновација и поврзаност“, рече францускиот министер.
Фото: МИА архива