Движење Беса уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот ќе ги условува со отстранување на 20 отсто како дефиниција за Албанците. Од Беса бараат во истата процедура да се направи и оваа измена.
-Нашиот став како Движење Беса е дека 20% треба да се тргнат од Уставот од причина што тоа е навредливо за нас како народ. И од последниот попис излезе резултатот дека сме повеќе и за оваа позиција ќе продолжиме со нашите сили во парламентот да бараме да се отстранат овие 20%. Нашиот став е таков, во моментот кога ќе се отвори Уставот за да ги вклучи Бугарите како уставна категорија, вели потпретседателот на движењето БЕСА, Блерим Сејдиу.
Во меѓувреме, за ова прашање во текот на наредната недела Движење Беса планира следната средба да ја свика во рамките на тркалезната маса на албанските парламентарни партии на која ќе се разговара за процесот на уставни измени, но засега се уште немаат одреден датум за состанокот.
-Тоа е тема за која се разговараше и во минатото претседателство и за која нормално ќе имаме официјален став во наредните денови. Тоа е тема за која имаме наши мислења како политичка партија, но во наредните денови ќе имаме свој официјален став, вели Сејдиу.