Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата, почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија, и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности, изјави на денешната прес-конференција Фатмир Сабриу од БЕСА.
Од партијата бараат од Владата како предлагач на уставните измени во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието за да се инкорпорираат и амандманите на V-тиот амандман на уставот на Република Македонија.
1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма:
2. На целата територија на РС Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.
3. Другите ставови од Амандманот V треба да се прилагодат според став 1.
Движењето Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но ние инсистираме да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во РС Македонија, изјави Сабриу.
Од Министерството за правда се огласија од реакција во која велат дека го добиле писмото од БЕСА, во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промената на амандманот V од Уставот.
-Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени, ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ке биде наскоро формирана а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата БЕСА, стои во соопштението на Министерството за правда.