Една од најсексипилните тенисерки во минатото, Јелена Докиќ, сега е далеку од тоа што беше. Таа беше поставувана на исто ниво со Марија Шарапова и Ана Ивановиќ по убавина, но откако престана со тенисот во 2014 година, кај нејзе настапи голема промена. На полошо.

Докиќ објави свои снимки на кои се гледа дека во откомрви 2018 година била непрепознатлива со тежина од 120 кг. Наскоро се пофали дека симнала значителен дел од тежината, а новата цел и е да стопи уште 14 кг за да стигне до 66 кг, колку што имала додека беше тенисерка.

„Мислам дека е време да се исправам пред сите критики и да се свртам кон луѓето кои ме сакаат и кои ги вдахновувам. Признавам, живеев нездраво, и бев несреќна. Сега сакам животот да ми се смени“, рекла Докиќ.