„Со примени три дози на вакцини, минатата недела се тестирав и бев позитивен на ковид-19, по што поминав една недела дома во изолација. Тогаш напишав колумна. Благодарение на технологијата немаше застој во работењето и сите планирани состаноци ги реализирав виртуелно. Комплименти до вработените во Министерство за финансии, кои цело време беа на ниво на задачата, како и до раководството со кои функционираме како еден тим“, објави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими,.