На 08 Април 2023 Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ со големо задоволство за прв пат ќе го пречека и ќе му посака добредојде на светски познатиот проф.д-р Булент Унал – специјалист по трансплантација на бубрези, црн дроб и општа хирургија. Неговата посета ќе се случи во рамките на нашата иницијатива да им овозможиме на сите пациенти пристап до најсовремените методи и технологии во медицината.
Сите пациенти на кои им е потребна трансплантација на бубрег или црн дроб можат да ги искористат предностите и да имаат бесплатна консултација со еден од најдобрите и најбарани специјалисти за трансплантгација на бубрези и црн дроб. Оние кои сакаат да ја искористат БЕСПЛАТНАТА консултација со специјалистот можат да се јават во ЗИЦ „Медика Караџи“ на 071314005 и да закажете термин.
Кој е проф. д-р Булент Унал?
Проф. д-р Булент Унал го завршил своето медицинско образование на Медицинскиот факултет на Универзитетот Чукурова во 1996 година. Специјализирал општа хирургија во наставната и истражувачката болница Нумун во Анкара во 2001 година. Во 2008 година, тој беше соработник на Националниот институт за канцер на Одделот за хируршка онкологија, болницата Magee-Womes на Универзитетот во Питсбург, САД. Учествувал на обука за трансплантација и онколошка хирургија на Универзитетот во Гисен-Марбург, Германија во 2010 г. Тимот на проф. д-р Унал е вториот најуспешен тим за трансплантација на црн дроб во светот.
Главните клинички области на интерес на проф. д-р Булент Унал вклучуваат: Трансплантација на црн дроб, Трансплантација на бубрег, Онколошка хирургија на хепатопанкреато-билијарна хирургија, Гастроинтестинална хирургија, Ендокрина хирургија, Операција на дојка Онкопластична хирургија.
Оние кои сакаат да ја искористат можноста за бесплатна консултација со проф.д-р. Булент Унал треба да се јават на 071314005 или на macedonia@medikara.bg
На лице место, пациентите ќе мора да обезбедат медицински документи и тестови кои се направени до денес.
Ве молиме да имате во предвид дека за време на консултациите со проф. д-р Булент Унал, нема да се вршат физички прегледи. Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на вашата медицинска документација која ќе ја приложите.
Повеќе информации за идните бесплатни консултации:
☎ +389 71 314 005
☎ +389 43 220 904
https://www.medikara.bg/mk/doctors/prof-dr-bulent-unal