Се тресеше Центар, ќе се роди првата висококатница кај хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје.
Фирмата Фешн груп и МПЦ-ОА можат да почнат со градење на првата од трите кули на паркингот кај Холидеј ин. Барањето за добивање градежна дозвола, како што објави порталот СДК, е правосилно, потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба.
Градоначалникот Саша Богдановиќ за СДК потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба на небодерите.
– Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно, вели Богдановиќ.
На првата од трите градежни парцели на просторот кај „Холидеј ин“ ќе се градат три 20-катници.