Излитена е веќе фразата една слика илјада зборови, но нека помине уште овојпат. Фотографијата од државниот врв на Македонија е направена вчера на церемонијата на отворањето на новиот трговски центар Ист гејт (Источна порта) во Скопје.

Од сликите може да се види дека државниот врв на Македонија, од каде што за народот доаѓаат протоколите за борба против коронавирусот, во новиот трговски центар се шета без заштитни маски.

Инаку, според протоколот во трговските центри забранет им е пристап на невакцинирани лица и за сите е задолжително носење на заштитни маски.

Така, заедно со заштитните, паѓаат и политичките маски. И довербата кај народот. Кога правиш спротивно од тоа што му го забрануваш на народот и го казнуваш ако го прекрши!

(Д.Г.)