Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото.

Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

„Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија”, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.