Поради пукната цевка од водоводната мрежа, дел од центарот на Куманово е без вода. Цевката пукна во близина на градскиот плоштад, а поради силината на притисокот вода течеше по улицата „Ленинова“ до кружниот тек кај „Доне Божинов“.
Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека нивни екипи ќе го санираат дефектот и дека наскоро ќе се нормализира водоснабдувањето.
– Пукнатата цевка е поцинкувана и е стара од 1963 година. По санирањето на дефектот, граѓаните и правните субјекти ќе имаат редовно водоснавдување, изјави директорот на „Водовод“, Горан Стојковски.