Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Коста Новаковиќ“ бр. 7 и 9 и поликлиниката „Јане Сандански“.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради поправка на водоводна мрежа на улицата „Коста Новаковиќ“ со крстосницата со улицата „Методија Шаторов-Шарло“.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на поправката.