Бугарската национална телевизија (БТВ) објави видео од инцидентот во кој, како што се гледа од снимката, неколку лица ги нападнаа со камења стаклата од бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.
Од видеото, најверојатно од безбедносни камери, може да се види дека три лица фрлија тврди предмети кон Цар Борис Трети.
Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук беа објавени фотографии од искршените стакла.
Инцидентот, како што вчера соопшти МВР, се случил во 2 часот по полноќ, при што биле искршени стаклата на влезот од просториите.