СДС се наоѓа во безизлезна ситуација, целосно без концепт и со силен набој да лажат и дезинформираат и на тој начин се обидуваат да го свртат вниманието од внатрепартиските проблеми, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Заев и Венко Филипче во залог ја ставија СДС само за да си ги спасат личните кариери. Па затоа измислуваат и дезинформираат.
Последниот обид за лажење на СДС во случајот Томовски, заврши со одлука на Државната Комисија за спречување на корупција со чиста одлука, дека нема докази за било какво прекршување на правилата кога стануваше збор за обезбедувањето, а така ќе биде и со овој нов случај на лажење на СДС.
СДС се однесува како зависник од наркотици кој е во криза. Без оглед колку штета прави тие продолжуваат да бидат зависници и во заложништво на Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




