Некоклумина приведени лица поради непочитување на полицискиот час од скопската населба Ченто, се ослободени, по што заврши протстот на стотина граѓани.
Претходно, градоначалникот од СДСМ на Гази Баба Георгиевски ветил ослободување на приведените лица, што подоцна и било сторено. Приведнеите се наоѓале во полициската станица во Автокоманда.
Меѓу приведените бил и советникот од редовите на СДСМ во Општина Гази Баба, Берат Вејсел, пишува 24 Инфо.
Според очевидци, во неговиот дворот биле собрани повеќе лица и играле карти, но по дојава од граѓани дошла полицијата бидејќи имало групирање на повеќе од две лица, поради што, на пример, во Центар, градоначалникот со најлон ги обложи клупите.
Според други, станува збор за приведување во текот на полицискиот час на група од најмалку тројца.
Погопем дел од насобранатите биле Албанци, а според Курир станувало збор и за членови на СДСМ.
Кон полицијата имало и фрлање со камења, поради што, по идентификација на тие лица, ќе се поднесат пријави за нивно гонење.
Инаку, протестот, според снимките се одвивал ноќно време, значи во време на полициски час, па тоа би значело дека секој од тие што протестирале треба да биде идентификуван и казнет.
Овој инцидент се заканува сериозно да ги наруши мерките за борба против вирусот, бидејќи очигледно е дека има групи кои сметаат дека можат да најдат начин да го игнорира полицискиот час. Додека власта на една страна ги збива одредени групи население како пензионерите во два часа пред банки, пошти и во маркети, на друга страна се настојува да завлдее беззаконие.