Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.
– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;
– Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“;
– Да се обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;
– Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК.
Наспроти ова, власта во Скопје се обдува уште веднаш да ја увери јаноста дека извојувала победа, па така, државната МИА вели дека „извори од Владата за МИА брифираат македонското НЕ на премиерот Ковачевски даде резултат и во новиот предлог од Франција има измени во текстот, кои се во насока на нашите ставови, предлози и забелешки.
-Францускиот предлог пристигна до Владата. Како што гледаме првично овој предлог ги зема предвид нашите позиции и барања. Овој предлог ќе биде ставен на широка консултација пред да се донесе конечната одлука, додаваат изворите на МИА.
Според извори во преговарачкиот процес, неофицијално, во предлогот стои чист македонски јазик во ЕУ, а Протоколот што произлегува од билатералниот договор со Бугарија и историските прашања не се дел од новата преговарачка рамка.“
Антимакедонскиот БГНЕС кој е секогаш изворно и добро информиран по македонското прашање, ја урива оваа пропаганда на власта во Скопје.