Тројцата заробени британски доброволци, кои се бореле на страната на Украина, ќе бидат изведени пред судот на проруските сепаратисти во источна Украина под обвинение за платеништво, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на руски државни медиуми.
На Џон Хардинг, Дилан Хил и Ендрју Хил ќе им се суди во самопрогласената Народна Република Доњецк. Во јуни истиот суд осуди на смрт двајца Британци – Ејден Ајслин и Шон Пинер и Мароканецот Брахим Саудун по истите обвиненија.
Хардинг е поранешен војник и се борел заедно со украинските сили откако се пресели во земјата во 2018 година. Ендрју Хил им се придружил на украинските сили оваа година, кога беше формирана Украинската меѓународна легија.
Хили волонтираше во Украина како хуманитарен работник. Проруските сепаратисти го фатија во април заедно со Поло Јуреј, кој почина во заробеништво во јули.
Руската агенција Тасс пренесува дека тројцата Британци одбиле да соработуваат со истражителите и да сведочат.
Ним им се суди заедно со уште двајца мажи, од Шведска и од Хрватска.