Промените брзо се случуваат, па дури и тие иако уште не се заверени со сите потребни печати. Тоа се случува токму со новото име на Македонија, кое веќе некои го користат без никаков проблем.
Грчкиот весник „Ефемерида“ на својот веб портал како ударна денес ја пласира веста дека Договорот од Преспа за прифатеното име „Северна Македонија“ веќе ги има првите промени. Така, Би-би-си претставувајќи го договорот меѓу Ципрас и Заев на мапата Македонја ја замени со Северна Македонија.
Може да се види дека на таа постара мапа британскиот сервис користел само Македонија, име под кое соседната држава е призната од голем број земји, наведува „Ефемерида“.