ОН предупредува дека може да дојде до досега невидена хуманитарна криза, додека сириските трупи се подготвуваат за напад на Идлиб кои ја држат бунтовниците.

Војната во Сирија би можела да влезе во последната фаза – Сирија и Русија подготвуваат голем напад на провинцијата Идлиб, последно големо упориште на бунтовниците.

Зошто Идлиб е толку важен?

Провинцијата Идлиб е посебно големо упориште на бунтовниците и џихадистите кои веќе седум години се обидуваат да го симнат сирискиот претседател Башар Асад.

Од ОН наведуваат дека во Идлиб живеат 2,9 милиони луѓе меѓу кои и милион деца. Додека половина цивили во Идлиб дошле од области и биле во рацете на бунтовниците, а од кои морале да бегаат.

Идлиб на север се граничи со Турција на југот избива на главните патишта кон Алепо и престолнината Дамаск, додека на запад во Атакија, град на Медитеранот. Доколку провладините сили го заземат Идлиб на бунтовниците ќе им останат неколку „џебови“ распрскани по земјата што би можело да биде знак за нивен пораз.

Кој го контролира Идлиб?

Провинцијата не ја контролира една група, туку низа ривалски фракции во кои има вкупно 30 илјади борци. Доминантна сила се Хајат Тахир ал – Шам (ХТС) Сојуз на џихадистите поврзан со Ал Каеда кој ја контролира клучната територија на Идлиб.

Обединетите нации ги означија како терористичка група која во Идлиб има околу десет илјади борци наведувајќи дека меѓу нив има и многу странци.

На второ место е Националниот фронт за ослободување (НЛФ), кој ја има поддршката на Турција. Оваа година се формираат фракции кои се противат на ХТС, меѓу нив и екстремната исламистичка група Ар ал Шам и Ноур ал – Дин ал – Зинки, како и оние кои се борат под знамето на Слободна сириска војска.

Зошто Владата сега се подготвува за напад?

Ситуацијата во моментот му оди во прилог на претседателот Асад. Воздушните удари на Русија и поддршката на илјадниците борци на Иран помогнаа на сириската војска да ги совладат бунтовниците.

Министерот за надворешни работи Валид Муалем на 30 август објави дека приоритет на Владата е да го „ослободи“ Идлиб. Како што вели Владата сака да избегне цивилни жртви и преку договорено помирување повторно да ја заземат територијата, но е одлучна да го совлада ХТС „без оглед на жртвите“.

Русија исто така објави дека сириската Влада има право „да ликвидира терористичка закана на својата територија“.

Турција наводно преговара со Русија и во обид да се избегне општ напад. Во Турција веќе живеат три милиони сириски бегалци, па Анкара стравува дека голема офанзива би создала нов бран бегалци кон нејзината територија.

Што ќе се случи со луѓето кои живеат во Идлиб?

Големиот напад врз Идлиб би можел да има страшни последици за провинцијата во која преку стотици илјади луѓе веќе живеат во тешки услови. Високиот претставник на ОН предупреди дека нападот на Идлиб може да „создаде хуманитарна криза која досега не е видена“.

Од ОН истакнуваат дека 800 илјади луѓе можат да бидат раселени, а дека секој ден значително се зголемува бројот на оние кои им е потребна помош. Не е јасно каде раселените во тој случај би заминале, бидејќи Турција ја затвори границата. Областите покрај границата веќе се преплавени со раселени лица. Притоа, многумина кои ја подржуваат опозицијата стравуваат од тоа што би можело да им се случи доколку преминат на територија на владините сили.

Може ли нападот врз Идлиб да биде спречен?

Специјалниот известувач на ОН за Сирија, Стефан Демистура ја повика Русија, Иран и Турција да не се залетуваат во борба. Предложи две опции. да се остави време на политички договори или да биде формиран „коридор со кој цивилите ќе можат да се евакуираат на безбедна територија“, најверојатно под контрола на Владата.

Турција сака Сирија и Русија да ја одложат операцијата, а лидерите на трите земји треба да се сретнат во Иран в петок и да ги разгледаат плановите.

Америка која го поддржува бунтот против Асад наведува дека на сириската војска поради бруталноста од минатото не може да и се верува дека ќе ги штити цивилите. Поради тоа ја повикаа Русија да интервенира.