Барт ЕРМАН

Дали зборовите на Исус „Оче прости им не знаат што прават“ ги имало во оригиналниот текст на Евангелието по Лука или се отпосле додадени?

Оваа дилема на научниците по Новиот завет не води до начинот на кој се препишувале евангелијата и воопшто текстовите од Библијата, со оглед на тоа што оригиналите се загубени. При тоа, антиеврејската ориентација на некои христијански писатели во вториот и во третиот век одиграла одредена улога во пренесувањето на тие текстови. Еден од најјасните примери може да се најде токму во приказната на Лука за распнувањето, во која се вели дека Исус се молел за оние кои се за тоа одговорни:

„И кога дојдоа на местото наречено „Череп“, таму го распнаа, заедно со разбојниците, едниот лево, другиот од десна страна. А Исус рече: „Татко, прости им, зашто не знаат што да прават“. (Лука, 23:33-34)

Но таа Исусова молитва не може да се најде кај сите стари ракописи: ја нема и во нашето најстаро грчко сведоштво (папирус наречен P75, кој датира од околу 200. г. од н.е.) и во неколку други висококвалитетни сведоштва од четвртиот и подоцнежниот век; во исто време, таа молитвата може да се најде во Синајскиот Кодекс и во голема серија ракописи, вклучувајќи го и најголемиот број средновековни творби. И така, прашањето е: дали некој кој препишувал, некој писар (или неколкумина од нив) ја отстранил таа молитва од ракописот што првично ја содржел?
Или, пак, спротивно, првично тој стих го немало во Евангелието, па бил додаден од некој писар во ракопис во кој не бил содржан?

Научните мислења за ова прашање одамна се поделени. Бидејќи таа молитва кон Отецот отсуствува кај неколку рани и квалитетни сведоштва, не мал број научници тврдат дека таа првично не била во оригиналното Евангелие по Лука. Понекогаш тие мислења се засновуваат на еден аргумент заснован на внатрешни докази. Како што е истакнато, авторот на Евангелието по Лука ги напишал и Дела на апостолите, така што пасус сличен на овој може да се најде во Делата и во приказната за првиот христијански маченик Стефан, единствениот чија егзекуцијата опширно е опишана во Делата.

Откако Стефан бил обвинет за богохулење, тој бил каменуван до смрт од толпата гневни Евреи, и пред да умре, се молел: „Господи, не земај го ова за нивен грев“ (Дела 7:60). Некои научници тврдат дека молитвата во Лука е додадена од писар кој не сакал Исус да изгледа помалку милостив од неговиот прв маченик Стефан, па ја додал таа молитва на Евангелието според Лука, за да го направи Исус исто така како некој кој моли за неговите џелати.

Тоа е мудар аргумент, но воопшто не е убедлив, од повеќе причини. Најсилниот аргумент е дека секогаш кога писарите се обидувале да ги помират текстовите, тие се обидувале да го направат тоа со повторување на истите зборови во обата пасуси. Но, во овој случај не наоѓаме идентични зборови. Тоа не е никаков вид „совпаѓање“. Во овој поглед, исклучително е и тоа што Лука, самиот автор, на многу места отстапува од своето сивило за да покаже сличности помеѓу она што му се случило на Исус во Евангелието и она што се случило им се случи на неговите следбеници во Делата: и Исус и неговите следбениците се крстија, во тој момент го примија Духот и тој и тие објавија добри вести, беа одбиени поради тоа, настрадаа од еврејски водачи и така натаму. Што се случува со Исус во Евангелието, тоа им се случува и на неговите следбеници во Делата. Оттука, ако еден од следбениците на Исус како Стефан, бил погубен, а тој се молел за неговите џелати, може да се очекува дека тој постапувал како Исус на крстот.

Има и други причини да не се сомневаме дека Исусовата молитва за простувањето првично било содржана во Евангелието според Лука. И во Евангелието и во Делата, на пример, се нагласува дека, иако Исус бил невин (како и неговите следбеници), оние кои работеле против него, тоа го правеле во незнаење. Како што вели Петар во Дела 3:
„Знам дека тоа го направи во незнаење“ (стих 17) или како што вели Павле во Дела 17: „Бог го надмина времето на незнаење“ (стих 27). И токму тоа е главниот тон во Исусовата молитва: „…затоа што не знаат што прават“.

Според тоа, се чини дека стихот 23:34 во Лука му припаѓал на оригиналниот текст. Зошто тогаш некој подоцна (или неколкумина од нив) би сакал тој стих да биде исфрлен?

Тоа разбирање на историскиот контекст во кој работеле писарите станува суштинско. Денешните читатели можеби се прашуваат за кого се моли Исус. Дали е тоа за Римјаните кои го убиваат од незнаење? Или за Евреите кои се првенствено одговорни зашто го предале на Римјаните?

Речиси во сите случаи кога за молитвата се зборува во списите на црковните отци, јасно е дека тие ја толкуваат таа молитва не како да се однесува на Римјаните, туку на Евреите. Исус бара од Бога да му прости на еврејскиот народ (или еврејски водачи) кој е одговорен за неговата смрт. Сега станува јасно зошто некои писари сакале да го изостават тој стих. Исус го молел Бога за прошка на Евреите! Како тоа е можно?

За раните христијани, во тој стих, така сфатен, има два проблеми. Прво, според нивното сфаќање, непоимливо е Исус да се молел за еден таков народ кој самоволно го отфрлил Бога. За многу христијани тоа било едвај разбирливо. А уште позначајно, во вториот век, многу христијани биле убедени дека Бог не им простил на Евреите затоа што, какви што се верувало, дозволил Ерусалим да биде уништен како казна за она што го направиле Евреите за кои се сметало дека со предавањето на Римјаните го убиле Исус. Како што вели црковниот отец Ориген: „Беше праведно, градот во кој Исус претрпе толку страдање да биде целосно уништен, а еврејскиот народ столчен.“
Евреите многу добро знаеле што прават и Бог очигледно не им простил. Од таа перспектива, нема многу смисла Исус да бара да им се прости. Што тогаш треба да прават писарите со таков текст, во кој Исус се моли: „Татко, прости им зашто не знаат што прават“? Тие проблемот го решиле така што едноставно го испуштиле тоа при препишувањето, па Исус повеќе не моли да им се прости.

Има и други пасуси каде што антиеврејско чувство на раните христијански писари влијаеле на текстовите што тие ги копирале односно препишувале. Еден од најзначајните пасуси за конечното создавање на антисемитизмот е сцената на судењето на Исус во Евангелието според Матеј. Според таа приказна, Пилат го прогласува Исус за невин миејќи си ги рацете и вели:

“Јас не сум одговорен за крвта на овој човек!”

Еврејската толпа на тоа одговара со извик кој ќе одигра страшна улога во многу насилства извршени врз Евреите во текот на средниот век:

„Нека падне неговата крв врз нас и нашите деца“ (Матеј, 27:24-25).

Понатаму, се вели дека Пилат рекол да го камшикуваат Исус, а потоа „го предаде да биде распнат.“

Секој што ќе го прочита тој текст, природно би претпоставувал дека Пилат им го предал Исус на своите (римски) војници да го распнат. Она што ја прави целата работа уште позапрепастувачка е тоа што во некои рани сведоштва – вклучително и во една од писарски корекции во Синајскиот кодекс – тој текст е променет уште повеќе со цел да се нагласи вината на Евреите за смртта на Исус. Според ттие ракописи, Пилат „го предал на нив (односно на Евреите) за да можат да го распнат.“

Сега Евреите се апсолутно одговорни за егзекуцијата на Исус, што е мотивирано од антиеврејско чувство кај раните христијани. Понекогаш антиеврејските варијанти се прилично мали и непривлечни за вниманието на читателот додека не размисли малку подлабоко. На пр. во приказната за раѓањето во Евангелието по Матеј се вели дека Јосиф го нарече новородениот син на Марија, Исус (што значи „спасение“), „затоа што ќе го спаси својот народ од неговите гревови“ (Матеј, 1:21) Неверојатно е што во еден ракопис кој е зачуван во сириски превод, текстот наместо како што е наведено, гласи: „Зашто ќе го спаси светот од неговите гревови.“

Еве пак излегува дека на писарот му била непријатна идејата дека еврејскиот народ би можел некогаш да се спаси. Слична промена се појавува и во Евангелието по Јован. Во глава 4, Исус зборува со Самарјанката и ѝ вели: „Ти го обожаваш она што не го знаеш; ние го обожаваме она што го знаеме, затоа што спасението доаѓа од Евреите.“ (ст. 22) Но, во некои сириски и во латински ракописи текстот бил сменет, па сега Исус изјавува дека „спасението доаѓа од Јудеја“.

Со други зборови, еврејскиот народ не му донел спасение на светот, туку Исусовата смрт во земјата Јудеја. И повторно можеме да се сомневаме дека антиеврејското расположение е виновно за оваа промена. Последниот пример во овој краток преглед доаѓа од кодексот од петти век каде во Евангелието според Лука, глава 6, каде фарисеите ги обвинуваат Исус и неговите ученици дека го прекршиле законот за неработење во саботата (6:1-4), наоѓаме една дополнителна приказна која се состои од само еден стих: „Истиот ден виде еден човек како работи во сабота и рече му, о човече, ако знаеш што правиш, благословен си, но ако не знаеш, да знаеш дека си проклет и го прекршуваш Законот.“

Целосното толкување на овој неочекуван и необичен премин би барал многу истражување, а овде е доволно да се забележи како Исус е сосема специфичен во тој пасус, на начин кој го нема никаде на друго место во евангелијата.
Во други примери, кога Исус е обвинет за кршење на саботното правило, тој ги брани своите активности, но никогаш не упатува на тоа дека постојните закони можат да кршат. Од друга страна, во овој стих Исус јасно кажува дека блажен е секој што знае зошто е законски да ја прекрши саботата; само оние кои не знаат зошто е легално да се направи лоша работа се проколнати. И еве го повторно варијанта која се чини дека се однесува на зголемена плима на анти-јудаизмот во раната црква.