Бијонсе вчера го извести судот дека ја повлкува тужбата против компанија од Тексас, која на вереници им продава предмети „Фијонце“.

Во 2016 година поп-ѕвездата покрена тужба против компанијата, сметајќи дека таа ги прекршила нејзините права за трговски марки, користејќи го името „Фијонсе“, за продажба на маици, дуксери и други предмети на вереници.

Еден од предметите на „Фијонсе“ беше чаша си натпис „Стави прстен на тоа”, за што Бијонсе смета дека намерата била да потсети на нејзиниот светски хит од 2008 година „Single Ladies (Put a Ring on It)”.

Во октомври 2018 година, федералниот суд во Њујорк, го отфрли барањето на пејачката за трајна забрана на продажба на предметите „Фијонсе“ и им нареди на двете страни да разговараат и дали можат да се договорат.

Бијонсе во декември побара од судот да го разреши случајот, а вчера до него достави молба со која ја повлекува тужбата. Нејзините адвокати не сакаа да го коментираат случајот.